Sultan Çoğalan,İhvan Radoykov
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
СОФИЈА (АА) - Во Софија денеска се одржа 126-та средба на Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, со кој претседаваше шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на состанокот предупреди дека светот се наоѓа пред глобална криза која не познава државни граници, а радикализмот, расизмот, дискриминацијата и недостатокот на меѓуверска и меѓуетничка толеранција ги оцени како закана за опстанок на европските вредности.
На состанокот Бугарија ќе изврши предавање на функцијата на претседавач со Советот на Европа на Естонија.
Во воведното обраќање кон присутните, бугарскиот претседател Плевнелиев потсети дека Бугарија станала членка на Советот на Европа пред 25 години и додаде дека членството на Бугарија ѝ ги отвори вратите кон европските вредности и демократија и помогна за заминување на ерата на тоталитарниот режим.
Истакнувајќи дека Европа во последниот период минува низ многу промени, Плевнелиев истакна дека тие промени биле од корист за сите членови на Eвропската заедница.
„Се разбира дека се среќаваме и со важни проблеми. Денеска сме соочени со глобална криза и со заканата за опстанок на обединета Европа. Ние повеќе не можеме да чекаме и проблемите да ги оставаме на следните генерации. На тоа нè учи историјата“, порача Плевнелиев.
Потсетувајќи на штетите од големи размери кои ги носат војните, Плевнелиев рече дека во Европа по Втората светска војна ја сфатила потребата од обединување и дека тоа довело до рушење на Берлинскиот ѕид и воспоставување на партнерство со дотогашните непријателски земји.
Плевнелиев во своето обраќање рече дека актуелните проблеми довеле до подигање на нови ѕидови на границите од државите, и дека на Европа ѝ требаат лидери кои веруваат дека несогласувањата можат да се решат по мирен пат.
„Денеска сме сведоци генерацијата која го сруши Берлинскиот ѕид, повторно во срцето на Европа подига нови ѕидови. Јасно ни е дека за воспоставување на ред и поредок, потребни се силни институции. За да ги добиеме мораме да спроведеме институцијални реформи, да водиме ефикасна дипломатија и да ги утврдиме нашите приоритети“, заклучи Плевнелиев.
На состанокот учестуваа и Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд и делегации од вкупно 47 држави, меѓу кои и Франција, Германија, Турција, Италија, Босна и Херцеговина, Албанија, Белгија и Естонија.