Nahit Doğu
03 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ПЛОВДИВ (АА) - Општината во Пловдив е со намера да донесе забрана за носење бурка во јавни институции, која е веќе спроведена во општините Пазарџик и Стара Загора, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на Народната партија од десницата на Иван Тотев, градоначалник на градот Пловдив, го поддржува предлогот на членовите на градското собрание за донесување забрана за носење бурка во јавност, а градоначалникот лично смета дека одлуката за забрана треба да биде изгласана.
Главното Муфтиство на Република Бугарија се изјасни против донесувањето на таквата одлука. Генералниот секретар и портпарол на бугарското муфтиство, Џелал Фаик, во изјава за АА го изрази незадоволството од спроведување на одлуката со која се забранува носење превез кој го покрива целото или дел од женското лице, велејќи:
„Ограничувањата претставуваат пречка во остварување на верските обврски од страна на жените муслиманки. Ние како муфтиство сме против одлуката за забрана. Бројот на жени муслиманки со целосно покриено лице во Бугарија е многу мал. Не можеме да кажеме дека покривањето на лицето е против нашата вера и сме дискретни во несогласувањето кон намерата за целосна забрана за носењето на бурките во јавност”.
Претседателот на Врховниот Исламски Совет во Бугарија, Ведат Ахмед, излезе со тврдење дека се води кампања против муслиманите, велејќи: „Оваа оцрнувачка кампања не е присутна само во Бугарија. Ваков развој на настаните постои и во Европа. Поради тоа се рефлектира и врз Бугарија. Носењето на бурката е само едно од прашањата“.
Ахмед истакнува дека забраната за покривање на лицето за приближно 30 жени муслиманки во Пазарџик, е всушност потег кон забрана на човековите права на муслиманите.
Минатиот месец, собранието во Пазарџик и Стара Загора, ја донесе одлуката за забрана на носење на бурка во јавноста. Непочитувачите на одлуката ќе бидат парично санкционирани. Од 7,3 милиони вкупниот број жители во Бугарија, 1,5 милиони се муслимани.