Enes Kaplan
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го прими амбасадорот на Република Македонија во Анкара, Sвонко Муцунски, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата во претседателската палата, амбасадорот Муцунски му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ердоган.
Муцунски со сопругата и членовите на македонската амбасада по предавањето на акредитивните писма за спомен се фотографираа со претседателот Ердоган.