Sinan Uslu
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во бомбардирањето на турските воздухопловни сили кои во текот на ноќта во повеќе наврати изведоа напади врз терористите на ПКК на подрачјето на Кандил во северниот дел на Ирак, загинаа најмалку 18 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Целите на бомбардирањето, магацините со оружје и засолништата на терористите, беа целосно уништени.
Како што се соопштува од Генералштабот на Вооружените сили на Турција, авионите на турските воздухопловни сили ги бомбардирале позициите на терористите изминатата ноќ во периодот од 23:00 часот до полноќ.
Авионите по успешното завршување на својата мисија се вратија во базата.