Barış Gündoğan
23 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на воздушната операција извршена од страна на Турските вооружени сили (ТСК), во подрачјето на Хакурк кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, уништена е една точка која терористите на сепаратистичката терористичка организација ја користеле за снабдување со муниција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на профилот на Твитер на Генералштабот на турската Армија, воздушната операција е извршена во подрачјето на Хакурк, во северниот дел на Ирак.
Во воздушната операција уништена е една точка користена за снабдување со муниција од страна на терористите на оваа сепаратистичка терористичка организација.