Ekipa
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Бехрам Касими, упати апел до Соединетите Американски Држави (САД) да се вратат на Договорот за нуклеарната програма и да ги исполнат своите ветувања, јавува Anadolu Agency (AA).
Касими, во изјава за иранската државна телевизија говореше околу САД, за земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и за Договорот за нуклеарната програма.
Според него, најдобрата опција за САД е да се вратат на Договорот. „Се надевам дека САД подобро ги запознале регионот и Иран, и нема да ги направат големите грешки од минатото, бидејќи состојбата на Средниот Исток е многу променлива и чувствителна“, рече тој.
Касими истакна дека претседателот на САД, Доналд Трамп, не ќе може да ги спроведува посакуваните политики, и дека бројни земји во светот реагирале против тоа. Тој тврди дека со одлуката околу Договорот за нуклеарната програма САД се изолирани.
Тој тврди дека Русија, Кина и надлежните земји можат да го убедат Трамп околу Договорот за нуклеарната програма.
„Прашањето кое Трамп треба да го сфати и да се убеди е дека најдобрата опција за САД е враќање на Договорот за нуклеарната програма. Исто така, треба да ги напушти санкционирачките политики кои се неуспешни, бидејќи ваквите чекори ја нарушуваат репутацијата на САД во светската јавност“, додаде Касими.