İdris Okuducu
23 февруари 2017•Ажурирај: 24 февруари 2017
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили влегоа на Меѓународниот аеродром во Мосул и ја презедоа под контрола аеродромската писта, јавува Anadolu Agency (AA).
„Безбедносните сили влегоа на пистата на аеродомот во Мосул“, изјави за АА генералот Абдулазиз Риза Ал-Мусеви од ирачката федерална полиција, и додаде дека војската ја контролира пистата.
Мусеви изјави дека судирите во аеродромот сѐ уште траат и додаде дека во тек е и деминирањето на патиштата што водат кон зградата на аеродромската управа.
Здружените ирачки сили, поддржани од меѓународната коалиција, во октомври минатата година започнаа операција за ослободување на Мосул, кој од летото 2014 година беше контролиран од страна ДЕАШ. Кон крајот на јануари е ослободен источниот дел на градот, а минатиот викенд беше започната операција за ослободување и на западниот мосулски брег на реката Тигар.