Zülfiya Yakup
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Канцеларијата на Европската унија во Косово и Советот на Европа денес покренаа заеднички проект за сузбивање на економскиот криминал во Косово (ПЕК II). На Конференцијата на која присуствуваа претставниците на институциите на Косово, меѓународни организации, цивилното општество, како и деловни и експертски заедници, изјавено е дека проектот има за цел јакнење на капацитетот на институциите на Косово за спречување и сузбивање на корупцијата, перењето пари и финансирање на тероризмо, јавува Anadolu Agency (AA).
Томас Гночи, шефот на Одделот за политички, економски и европски интеграции при Канцеларијата на ЕУ на Косово, оцени дека Косово има добри закони и стратегија во борбата против корупцијата и перењеto пари, но недостига нивна ефикакасност во нивната имплементација. Сепак, конфискацијата на незаконски стекнато богатство значително се подобри во 2014 и 2015 година, рече Гночи.
„Можеме да му испратиме јасен сигнал на косовското општество дека корупцијата и перењето пари претставуваат рак за ова општество. Корупцијата и перењето пари му наштетуваат на државниот буџет и косовските даночни обврзници се тие кои што тоа го плаќаат. Ова мора да се спречи ”, порача Гночи.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, истакна дека Владата и институциите на Косово, како и граѓаните, се опредеделни кон европските интеграции и градењето на правна држава, и дека пружаат полна поддршка на Проектот за сузбивање на економскиот криминал во Косово.
„И владата и независните институции на Република Косово сторија важни и квалитетни чекори во правец на економскиот развој, владеење на правото, во правец на спречување на радикалниот екстремизам и борбата против тероризмот и во таа борба изградивме нормализирачки односи со соседите и политика на добососедство ”, изјави Мустафа.
Министерот за правда, Хајредин Кучи, изјави дека косовските институции се фокусирале во правец на подготовка на законодавството во склад со европските стандарди, со комплетирање на институционалните механизми и давање приоритет на судските случаеви кои се однесуваат на напоменатите негативни појави во општеството.
„Секако дека ангажирањето во борбата против економскиот криминал, тероризмот, организираниот криминал и корупцијата треба да биде поголемо. Во тој правец формиравме дивизија за борба или решавање на прашањата поврзани со странските инвеститори и основните судови кои имаат законска основа за такви случаеви”, истакна Кучи.
Истовремено, Иван Коеџиков, шефот на секторот за борба против економскиот криминал при Советот на Европа, нагласи дека покрај добрите закони за борба против корупцијата многу е важно и присуството на политичка волја и јавна поддршка со цел негативната појава во општеството да се сведе на минимум.