Ekipa
09 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Барак Обама, претседателот на САД, го повика својот наследник Доналд Трамп да се состане со него утре во Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, претседателот Обама планира да се огласи со соопштение од Белата куќа, по повод победата на Трамп на претседателските избори.
Од Белата куќа велат дека утринава Обама во телефонски разговор од својата резиденција му ја честитал победата на Трамп. Џош Ернест, портпаролот на Белата куќа изјави дека на утрешниот состанок ќе разговараат за деталите за преземање на претседателската должност.
Се додава дека Обама исто така ја повикал и Хилари Клинтон. Од Белата куќа велат дека Обама ѝ пренел дека е восхитен поради силната кампања што ја водела во земјата.