Mehmet Hatipoğlu
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Неидентификувани напаѓачи на мотор рано утринава фрлиле граната врз француската амбасада во центарот на Атина, полесно повредувајќи еден полициски службеник, соопшти грчката полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчките власти наведуваат дека полицаецот, кој работел како обезбедување е повреден, кога две лица на мотор фрлиле рачна граната пред зградата на амбасадата која се наоѓа наспроти парламентот, во центарот на грчкиот главен град.
Мотор кој одговара на тој опис подоцна е пронајден во центарот на Атина, а полицијата во моментов врши истрага за утврдување дали истиот е користен во нападот.
Полицијата, исто така, целосно го затвори подрачјето за пешаци и возила, додека антитерористичките форензичари вршат истрага.
Во Грција, која има долга историја на политичко насилство, чести се нападите на зградите на институциите, на локалните дипломатско-конзуларни претставништва и компании.