Ekipa
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
БЕРЛИН (АА) - Специјална единица за експлозиви денес на аеродромот Хановер деактивираше заостаната американска бомба од Втората светска војна, при што предизвика пренасочување на десетици летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти минатата недела одлучија да покренат потрага по бомбата, откатко експертите за вршење сондажа на земјата, открија две магнетни пречки на две локации.
Полицијата за време на операциите на аеродромот блокираше радиус од 1.000 метри, а авиокомпаниите мораа да пренасочат 54 лета кон другите аеродроми.
Градскиот совет Лангенхаген, каде што се наоѓа аеродромот, истакна дека експертите пронашле 250 килограми тешка американска бомба. Другиот сигнал открил метална цевка.
По повеќе од 70 години од крајот на Втората светска војна, неексплодираните бомби се откриваат често за време на градежните работи во германските градови.