Ekip?
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ПОЈАС ГАЗА (АА) - Египетските власти го отворија на пет дена граничниот премин „Рафа“, на границата со Газа, овозможувајќи да преминат голем број луѓе кои чекаат на двете страни, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетските власти посочија дека на голем број студенти, пациенти, оние што имаат постојано живеалиште и оние што имаат странски пасоши ќе им биде дозволено да го преминат граничниот премин во следните пет дена.
Египетската новинска агенција МЕНА јавува дека граничниот премин е отворен по наредба на претседателот Абдел Фатах ал Сиси.
Според податоците на граничните власти на Газа, околу 20.000 луѓе кои го поминале граничниот премин „Рафа“ имале потреба од некој вид хуманитарна помош.
Граничниот премин „Рaфа“ е единствениот излез од Појасот Газа од 2006 година, кога започна израелската блокада на палестинската територија. По воениот удар во Египет, во 2013 година, овој граничен премин сѐ повеќе е затворен поради, како што велат во Каиро, безбедносни причини.