Hatice Kesgin
14 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
КИЛИС (АА) - Најмалку 29 припадници на организацијата ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, се убиени во денешните артилериски напади на турските сили врз Азаз, на северната периферија на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на туркменските бунтовнички групи на северот од Сирија, Закарија Каршли, за АА кажа дека турските сили од пограничниот појас од вчера ги гранатираат терористичките позиции на ПЈД во Азаз и дека досега се убиени најмалку 29 терористи.
Каршли рече дека десет терористи на ПЈД се убиени во местото Миниг, 12 во Маранас а седум во Марјамин.
ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која во Турција изведува напади врз цивили и турските сили за безбедност уште од 1984 година.
Турските безбедносни сили, утринава соопштија дека продолжуваат со артилериските напади врз терористичките позиции, а силни детонации се слушаат и до турскиот пограничен град Килис.
Во соопштението, исто така, се наведува дека во нападите уништени се повеќе позиции на ПЈД и нејзиното оружено крило и дека терористите претрпеле огромни загуби.
Азаз се наоѓа на шест километри од турската граница.