Sarp Özer
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека оние што до вчера пролеваа крв како припадници на ДЕАШ, сега се појавуваат како припадници на ПЈД/ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател изјави дека довчерашните припадници на ДЕАШ сега се појавуваат како припадници на терористичката организација ПЈД/ЈПГ, инаку сириски огранок на ПКК.
„Покрај тоа, валканата, бескарактерна терористичка организација ФЕТО, им ги стави на располагање сите свои расположиви капацитети на непријателите на Турција, каде и да се“, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека сите оние што имаат сомнежи за улогата на терористичката организација ФЕТО во обидот за државен удар на 15 јули, се уверија по убиството на рускиот амбасадор.
„Мислам дека оние што имаа сомнежи за улогата на оваа организација (ФЕТО) во обидот за државен удар, се уверија по убиството на амбасадорот на Руската Федерација“, рече Ердоган.