Sibel Uygun
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа, во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ неутрализирани се вкупно 24 терористи на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на турската војска, цел на турските воени авиони биле 40 позиции на ДЕАШ во сирискиот регион Ал Баб, вклучувајќи засолништа, контролни објекти и возила на терористичката организација.
Офанзивата Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август 2015 година, во северниот дел на Сирија, со цел да се неутрализираат терористичките закани, особено ДЕАШ, и за да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана, тие се поддржани од турските сили, како и од меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.