АНКАРА (АА) – Талал Сило, поранешниот портпарол на СДГ, параван на терористичката организација ПЈД/ПКК која делува во Сирија, ги раскажа сите информации „од внатре” за воената помош која САД ѝ ја дава на таа терористичка организација. Сило рече дека САД, под изговор дека им доставуваат оружје на СДГ, всушност им доставиле големи количества тешко вооружување на ПЈД/ПКК, а притоа не ја надгледувале употребата на ова оружје.
Сило кон средината на минатиот месец, од сириското подрачје кое е под окупација на ПЈД/ПКК, пребегна во Турција, а за Аnadolu Аgency (AA) одговараше на поставуваните прашања.
Бидејќи во текот на неговиот престој во северна Сирија работел како портпарол на СДГ, која терористичката организација ПЈД/ПКК ја користи како параван, Сило бил во блиска соработка со лидерите на таа терористичка организација. Сило во разговор за АА ги сподели деталите за делењето на воената помош од страна на САД на ПЈД/ПКК.
ПРАШАЊЕ: Како започна вашата врска со ПКК?
ОДГОВОР: Најнапред во Африн (од ЈПГ) дојде покана до мојата војска, војска на Селчуци. Препорачаа да ѝ се приклучиме на Револуционерната армија. Во договор со нив, им се приклучив во Африн. Одговорно лице за регионот на Африн пред ПКК беше Хаџи Ахмет Худро. Го подготвуваа основањето на Револуционерната армија. Арапите ги предводеше Ебу Али Берад, а Курдите Села Чебо. Јас бев одговорно лице за Туркменците. Во почетокот на август 2015 година заминав за Африн. Имав задолженија во управата на Револуционерната армија. Меѓутоа, одлуките не ги носевме сите ние, туку Худро (од ПКК). Потоа ми беше кажано дека ќе им се приклучам на СДГ. Првиот состанок го одржавме со Шахин Џило, еден од луѓето на ПКК задолжени за регионот. Состанокот со СДГ беше закажан за 15 октомври. Меѓутоа Шахин Џило (која го прогласи основањето на СДГ) побара состанокот да се одржи на 10 октомври 2015 година. Кога запрашавме за причината, тој ни одговори дека САД меѓу 10 и 15 октомври ќе им даде воена помош на ЈПГ во Хасеке. Значи, датумот е сменет со цел САД да може пред меѓународната заедница да каже дека оружјето не оди во рацете на ЈПГ туку СДГ. СДГ се формираше на тој начин.
ПРАШАЊЕ: Командантот на специјалните сили на САД, генерал Рејмон Томас порано имаше изјавено дека „направиле интелигентен чекор” и го пронашле името СДГ со цел ЈПГ да добие репутација. СДГ зарем сѐ уште немаше изградено сопствен идентитет?
ОДГОВОР: Тоа е само име. Ништо друго. Ние сѐ што добивавме беше од ЈПГ, вклучувајќи и плата. Вистинската причина за основање на СДГ се САД. Американската администрација сакаше да ги вооружи Курдите, Основањето на СДГ беше само претстава. Зборуваа за здружување на елементите, но такво нешто не постои. САД, водството им го препуштија на Курдите и ПКК. Зборуваа за борба против тероризмот, но увидовме дека во склоп на договорот на администрацијата на САД и Шахин Џило, доаѓа до илегално префрлање на припадници на терористичката организација ДЕАШ. Преку СДГ сакаа да влијаат на мислењето на луѓето во регионот. СДГ се лансирани како ослободувачка сила и сила која се бори против тероризмот. Меѓутоа, поради нив се урнати куќи, а народот беше преселуван. Народот е мачен. Народот не беше оставен на мира ниту во камповите и го вовлекоа во паника.
ПРАШАЊЕ: САД во текот на еден период велеше дека не го вооружува ЈПГ туку Арапите. Дали тоа беше точно?
ОДГОВОР: Во почетокот само потпишувавме документи кои ни ги даваа Американците во врска до примопредавање на оружјето. Меѓутоа, сето оружје одеше кај личноста со име Сафкан, еден од лидерите на ПКК кој е познат по прекарот „Курд од Турција”. Сафкан оружјето го транспортираше на локација која само тој ја знаеше. И тоа така траеше. Како пример, за време на операцијата во Мунбич, целото оружје (на хартија) му е предадено на Арапот Ебу Емџед. Тоа го направија намерно. Тоа беше само претстава. Ебу Емџед ми велеше: „Добивам големо количество оружје, но само на хартија, бидејќи не ми даваат ниту парче од тоа оружје. Моја единствена должност е само да потпишувам документи.”
ПРАШАЊЕ: Зошто САД избраа таков метод?
ОДГОВОР: Сите идеи доаѓаа од Брет Мекгурк. За време на операцијата во Рака, Мекгурк бараше формирање на сила која ќе го носи името Арапска коалиција. Нејзина улога би била само да го презема оружјето. На крајот преземено е големо количество оружје. Меѓутоа, освен на Курдите, на сите останати, на Арапите, Туркменците и Асирците, им беше поделено само лесно оружје. Името на коалицијата беше арапско, но Арапите немаа ништо. Военото собрание на Деир ез-Зор само потпишува. САД знаеше за тоа и самите ја режираа претставата. Сите тие игри се играни само за да не се дознае дека сето оружје оди во рацете на ПКК. Меѓутоа, ние бевме сигурни дека тоа напредно оружје оди во ПКК и ЈПГ.
ПРАШАЊЕ: Дали САД нагледуваше кому оди и против кого се употребува оружјето кое го дадоа?
ОДГОВОР: Американците воопшто не се гриже за тоа каде ќе заврши оружјето. Ниту еднаш не прашаа што направивме со оружјето и каде го користевме. Дури им веруваа на сите изјави на ЈПГ. Штом ЈПГ ќе речеше дека ‘оружјето е потрошено’, тие веднаш започнуваа со нови испораки. САД знаеше дека нема Арапи, Туркменци и Асирци во таа равенка. Во времето на Обама нам ни доаѓаше и употребено оружје, а некои од нив беа неупотребливи. Кога Трамп дојде на власт, започна испорака на оклопни возила.
ПРАШАЊЕ: Шахин Џило, кодното име на Шахин Ферхад Абди е на листата на лица кои се бараат во Турција. Тој е на црвената листа, и за информација која би овозможила негово приведување се нудат 4 милиони лири (околу 1 милион доалри). Колку Џило е влијателен во сите овие случувања?
ОДГОВОР: Ние ги изработувавме листите за побарување (на оружје). Шахин Џило ги проследуваше понатаму. Оружјето кое доаѓаше, не им беше познато на медиумите. Не се сакаше да се знае видот на оружје кое се испорачува.
ПРАШАЊЕ: Кој управува со структурите претставени како СДГ?
ОДГОВОР: Во основа, управува американската страна. Дури и ако се одржуваат избори, тоа е само претстава. Сите го знаат Шахин Џило. Тоа е личноста која ги извршува тие работи. Негов помошник е Кахраман. И он е лидер на ПКК. Јас бев трет човек по овластувања. На секој од пунктовите беа припадници на ПКК и екипи за следење. Во судот, цивилното собрание, здравството и другите области, нужно е да има барем еден од лидерите на ПКК.
ПРАШАЊЕ: Каде, во рамките на СДГ се наоѓа кадарот на ПКК од Кандил?
ОДГОВОР: Иако Џило е претседател, над него постои повисок авторитет. Тоа е Бахоз Ердал. Ердал наредбите од Кандил, ги презема од Сабри Ок. Откако Ердал е префрлен во Кандил, на негово место дојде Нуредин Софи. Тој е личноста кој ги пренесува наредбите до Џило. Џило и Кахраман (неговиот помошник) се само лидери во екипата. Постојат многу канцеларии, но поради недоразбирањата, не доаѓаат нови имиња. Одговорни за ПКК и ЈПГ во Африн се Хаџи Ахмет Худро, Махмут Бедрухан и Ноџин (за жените). Во административна смисла, со целиот регион управува Халил Тефдем. Бахоз Ердал нему му ги дава директивите. Лидер во Мунбич е Исмаил Дерек, еден од лидерите на ПКК, но воено одговорно лице е Џемил Мазлум. Војно и цивилно одговорно лице во Рака е Хасан, кој е донесен од Европа. Лидер во Деир ез-Зор е Полат Џан, кој исто така е еден од водечките имиња во ПКК. Јас, врз основа на моите комуникации со Бахоз, еднаш од Кандил добив покана за состанок со Мурат Карајилан. Тргнувајќи на состанокот, тој беше откажан, под изговор да не се појават нашите фотографии во медиумите. Нуредин Софи замина таму за време на обраќањето на Карајилан. Подоцна се врати. Тајно доаѓаа и заминуваа. ПКК ја користеше улогата на Салих Муслим во медиумите и беше успешна во тоа. Всушност, тој немаше никаква улога. Кога е прогласена автономната управа, Муслим доби место дури во седмиот ред. Тој воопшто не беше дел од проектот.
ПРАШАЊЕ: Колку вооружени лица има во структурите претставени како СДГ?
ОДГОВОР: Иако нема точни информации, има околу 50.000 милитанти. Мажи и жени заедно. Од нив, околу 70 отсто се припадници на ЈПГ и ЈПЖ (женски воени елементи). Под мое водство имаше 65 Туркменци. Воениот совет на Асирците има само 50 луѓе. Сакаа само симболично да се формира Туркменски воен совет. Тогаш предложив 150 луѓе. Ме прашаа: „Зошто 150? 50 е сосема доволно.” Од Арапите, тука се силите на Санадид и племето Шамар. На чело на овие сили се наоѓа шехот Бендер. Тие исто така не постојат за ПКК. Од друга страна, меѓу настраданите во операцијата за Рака, 80 отсто се Арапи, а само 20 отсто се Курди. Очигледно е дека се зголемува арапската бројност, но тие се изиграни. Дадени им се лажни ветувања. Припадниците на ЈПГ, иако се прикажуваат како дел од СДГ, тие тоа не го прифаќаат и велат дека се независни. СДГ е само име. Тие всушност не постојат.
ПРАШАЊЕ: Каква е состојбата околу прашањето на припадниците на ЈПГ кои се приклучија од западните земји?
ОДГОВОР: Дојдоа од голем различни земји и пристапија во ЈПГ. Имаше и жени. Видовме дека некои дојдоа само поради реклама. Дознавме дека е дојдена и една манекенка од Канада. Меѓу оние кои се враќаат, постојат лица кои тврдат дека се бореле против ДЕАШ и се обидуваат да се прогласат за национални херои.
ПРАШАЊЕ: Колкав надоместок добиваат членивите на организацијата?
ОДГОВОР: Месечните примања се меѓу 170-200 долари. Лидерите немаат плата, но заработуваат од криумчарење и мито. Јас платата ја добивав директно од Шахин Џило. Добивав илјадници долари и мојата состојба беше многу поволна. Милитантите пак добиваа сириски фунти. Водечкиот тим на ПКК не добиваше плата, но им беа исполнувани сите барања. Подоцна беа откриени случаи на корупција.
news_share_descriptionsubscription_contact
