Özüm Yalkın
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ДАМАСК (АА) - Најмалку седум лица смртно страдаа, а 18 се повредени во експлозија на автомобил на кој била монтирана бомба, во близина на полициски ресторан во предградието Берза, во Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат локални извори за АА, автомобилот-бомба експлодирал во Берза, во североисточниот дел на Дамаск, на подрачјето кое се наоѓа под контрола на сириската опозиција.
Загинаа седум лица, а голем број се повредени.
Нанесена е голема материјална штета, а на некои возила, куќи и деловни протори во близина на експлозијата избил пожар.