Ekip
11 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ДАМАСК (АА) - Во две експлозии во предградијата на Дамаск, загинаа најмалку осум лица, а беа повредени 25, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според сириската новинарска агенција (SАНС), првиот напад бил извршен од страна на бомбаш-самоубиец во близина на контролен пункт во Дамаск, а вториот напад се случил во истата област кога автомобил-бомба експлодирал.
Сирискиот режим ја контролира руралната област на Дамаск во кој се наоѓа шиитскиот храм на Зеинаб, ќерка на Али ибн Аби Талиб, кој бил братучед на пророкот Мухамед и четвртиот калиф на муслиманите по смртта на Мухамед.
Револуционерната гарда на Иран и либанската полиција Хезболах, која го поддржува сирискиот режим, исто така се присутни во област која оваа година беше цел на неколку напади во кои загинаа повеќе од 150 луѓе.