Selen Temizer
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Израелските сили извршија артилериски напад во периферијата на сирискиот главен град, Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Медиумите блиски до режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, објавија дека целта на израелскиот напад бил Научниот центар лоциран во Џамрајах, во северниот дел на Дамаск.
Истите извори јавуваат дека во Дамаск одекнале три силни експлозии, а слични вести од Дамаск објавија и израелските медиуми.
Израелските институции не ја презедоа одговорноста за нападот.
Израелските сили и претходно извршуваа артилериски напади во областа Дамаск, а мета на нападите беа позициите на Хезболах и други проирански групи во таа област.