Ali Kemal Akan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа најмалку 999 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во пограничното подрачје на Африн, Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските воздушни сили во изминатите 24 часа уништиле неколку терористички упоришта и неутрализирале најмалку 29 терористи.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на операцијата во Африн неутрализирани се најмалку 999 терористи, и дека операцијата е продолжена во согласност со планираното.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш, Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.