Muhammed Nuri Erdoğan
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Во подрачјето на турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија фатени се вкупно четворица терористи на ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Министерството за национална одбрана на Турција, се наведува дека во операциите организирани со цел да се спречат терористичките активности на терористичката организација ПКК/ЈПГ, чија цел е нарушување на мирот и безбедноста во регионот, фатени се вкупно четворица терористи, од кои двајца во подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и двајца во областа опфатена со операцијата „Маслинова гранка“.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.