Hasan Esen
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската унија (ЕУ) ги негира наводите на одредени медиуми во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат” против терористичката организација ДАЕШ, во кои се наведува дека „ЕУ смета дека рамките на операцијата мора да бидат ограничени на ДАЕШ", јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не ги коментираме воените операции", порача портпаролот на Европската унија (ЕУ) Алексадар Палек, на редовната дневна конференција за медиумите во Брисел.
Палек истакна дека минатата недела објавено е писмено соопштение во врска со Сирија, во кое се осудува насилството во Алепо и по тој повод испратен е повик за политичко решение.
Тој истакна дека ЕУ не упатила порака како онаа која што е објавена во одделни медиуми, т.е. дека „рамките на операцијата мора да бидат огранилени на ДАЕШ".
Од друга страна, официјалните лица на НАТО порачаа дека во моментов не е можно да се направи било каква проценка кога станува збор за операцијата „Штитот на Еуфрат”, и дека ставот на алијансата во врска со ситуацијата во Сирија е претставен во декларацијата на последниот Самит на НАТО.
Во 27-миот член од декларацијата се наведува дека НАТО е загрижен поради кризата во Сирија, и ја искажа својата одлучност во заштита на територијата и границите на НАТО против било каква опасност.