Sinan Uslu
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат” во подрачјето на Џарабулус, соопшти дека има за цел, покрај ДАЕШ и ЈПГ, да ја исчисти турската граница од сите терористички елементи, истакнувајќи ја потполната решителност на Турција во тој поглед, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Калин на социјалната мрежа Twitter сподели информации во врска со започнатите воени операции на турската војска насочени кон расчистување на подрачјето на Џарабулус, која е дел од сирискиот покраина Алепо од терористичката организација ДАЕШ.
Основна цел на операцијата во Џарабулус е покрај ДАЕШ и ЈПГ, е чистење на турската граница од сите терористички елементи, истакна Калин и додаде: „Решеноста на Турција е потполна. Ќе продолжиме да ги преземаме потребните чекори за да се обезбеди безбедноста на турската граница и да се заштити територијалниот интегритет на Сирија."