Meltem Bulur
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Потпретседателот на САД, Џо Бајден, во врска со испорачувањето на Фетула Ѓулен на Турција, изјави дека неговата земја нема намера да заштитува лице во САД, кое нанело штета на нивен партнер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата Влада ќе направи сè за да пред вас бидат донесени сите оние кои се одговорни за обидот за државен удар. Постојат закони кои се темел на нашата земја. Како што го кажав тоа и во мојот пример, ние соработуваме по прашањето на Ѓулен", рече Бајден и додаде дека американските правни експерти во моментот работат со своите турски колеги, испитувајќи ги доказите и документите.
„Овие документи мора да им бидат предадени на американските официјални лица и треба да бидат подготвени според договорот за испорачување. Во тој случај, можеме да го испорачаме Ѓулен. Ние немаме намера да заштитуваме некои лица, посебно не оние кои му наштетиле на нашиот партнер, но имаме должност да се придржуваме до законите", рече Бајден.
Потпретседателот на САД изјави дека е воодушевен од храброста на турскиот народ во текот на обидот за државен удар на 15 јули. „Воодушевен сум од храброста на турскиот народ. Луѓето се качија на тенковите и така ја заштитија демократијата”.
Toj во контекст со случувањата во северниот дел на Сирија во близина турската граница, нагласи дека сириските сили и силите на ЈПГ ќе ја изгубат поддршката на САД, доколку преминат на другата страна од реката (Еуфрат).
„Сириските сили и силите на ЈПГ во никој случај не смеат да преминат од другата страна на реката. Во случај да го направат тоа, ќе ја изгубат поддршката на САД”, рече Бајден.