Betül Yürük
21 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
ДАВОС (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Турција имаат заеднички интереси во Сирија и верувам дека ќе ги постигнат, рече потпретседателот на САД, Џо Бајден, јавува Anadolu Agency (АА)
Бајден, кој е еден од учесниците на овогодинешниот 46-ти Светски економски форум (СЕФ) во швајцарскиот град Давос, потсети дека утре ќе ја посети Турција.
Тој истакна дека во рамките на посетата ќе има состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и премиерот, Ахмет Давутоглу, со кој како што рече, има дијалог подолг период.
На новинарското прашање "дали постојат несогласувања помеѓу Турција и САД во врска со Сирија", кога се зголемени дипломатските односи на изнаоѓање политичко решение за граѓанската војна во оваа земја, Бајден одговори: "Не, јас не мислам така. Имаме заеднички интереси, а верувам дека САД и Турција ќе ги постигнат заедничките цели во Сирија ".
На овогодинешниот форум во Давос, кој ќе трае до 23-ти јануари присувствуваат високи претставници и лидери од над 40 земји во светот, а главни теми се бегалската криза и климатските промени, како и други глобални настани.