İlhan Toprak
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган по посетата со Бајден изјави дека американскиот заменик претседател имаше прилика со оваа посета да се увери во опасните димензии на обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бајден и самиот имаше прилика со оваа посета на Турција и Парламентот на Турција да се увери во опасните димензии на обидот за државен удар. Јас исто така малку подоцна ќе му врачам одредени документи и ќе му ги пренесам информациите кои ги поседуваме во врска со обидот за државен удар.Сепак ми е драго да имаше прилика од прва рака да се увери во чувствата на нашиот народ за ФЕТО кој стои зад обидот за државен удар", рече Ердоган.
Додаде деа најголем приоритет на Турција е што поскоро испорачување на лидерот на ФЕТО.
„Нашиот најголем приоритет е што поскоро испорачување на Турција лидерот на ФЕТО кој стои зад обидот за државен удар", рече Ердоган кој додаде дека припадниците на опозициската Слободна војска на Сирија (FSA) и локалните сили ја преземаа контролата над Џараблус.
„Припадниците на опозициската Слободна војска на Сирија (FSA) и локалните сили ја презедоа контролата над Џараблус.Заземаа и официјални институции на тамошните власти. Според информациите со кои располагаме, ДАЕШ е приморан да го напушти Џараблус”, рече Ердоган.
Од друга страна, Пентагон соопшти дека со воздушните напади им пружиле поддршка на операцијата „Штит на Еуфрат" која Турските вооружени сили (ТСК) ја покренаа утрово со цел неутрализација на терористичките елементи на ДАЕШ на северот на Сирија.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден престојуваше во еднодневна посета на Турција каде се состана со најголемите функционери на земјата домаќин.