Meltem Bulur
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Утрово, американскиот државен секретар Џон Кери, во телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушглу, истакнал дека силите на ПЈД/ЈПГ се повлекуваат источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека во разговорот, на иницијатива на американскиот државен секретар Кери, станало збор за иднината на Сирија и напорите околу прекинот на огнот и воспоставување на траен прекин на огнот во Сирија.
Во разговорот во врска со операцијата во Џарабулус било истакнато дека потребно е да продолжи соработката меѓу двете земји.
Зборувајќи на темата силите на ПЈД/ЈПГ да не преминат на западната страна од реката Еуфрат, министерот Кери рекол дека силите на ПЈД/ЈПГ се повлекуваат источно од Еуфрат.
Во телефонскиот разговор, меѓу останатото, станало збор и за прашањето за продолжување на заедничката соработка во борбата против ДАЕШ во Сирија и Ирак.