Yeşim Sert Karaaslan
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство Реџеп Акдаг во врска со перацијата „Штитот на Еуфрат" рече дека „Турција како моќна држава во регионот ќе направи се за својот и сирискиот народ. Ова беше потребно да се направи, и го направивме. И тоа беше извршено на на многу успешен начин. Беше извршено во многу краток временски период", јавува Anadolu Agency (AA).
Aкдаг, кој беше гостин на уредничкиот деск на АА одговараше на поставените прашања во врска со актуелните случувања. Акдаг истакна дека со подршката на Турција на Слободната сириска армија успеа да ја презеде контролата врз градот Џераблус.
На прашањето „зошто Турција имаше потреба од оваа операција?, Aкдаг одговори дека Турција е принудена да ги заштити своите граници од нападите на терористичките организации. Тој исто така потсети дека тој и порано изјавил дека „ако е потребно ќе извршиме операции и надвор од границите", затоа што нашиот народ кој жиеве во тој регион е загрозен од фрлените бомби од другата страна.
Акдаг продолжи: „Исто така е прашањето на источен и западен Еуфрат. Почитуваниот председател ова многу јасно го искажа. Исто така премиерот изјави, не поминувајте во западниот дел на Еуфрат, Турција ќе интрвенира, се работи за нашата безбедност. Ова е првото. Второто е дека нема да дозволиме да се отвори коридор од страна ЈПГ и ПЈД којшто го нарушуват територијалиот интегритет на Сирија и коишто нашата безбедност ја стават во ризик. ДАЕШ е многу блиску до нашата граница, и тоа претставува голем ризик на нас, поради ова воената интервенција беше неизбежна. Турција како моќна држава мора да ги заштитува своите граѓани и народот на Сирија."
Акдаг исто така се осврна и на членовите на ФЕТО. Тој рече дека во Министерството за здравство, во врска со оваа прашање се многу внимателни. Посочи дека членовите на ФЕТО треба да се исчистат од државните институции, но ова треба да се направи во рамките на правото и правните механизми.
Потсетувајќи дека во Министерството за здравство до сега се отпуштени околу 7 илјади лица Акдаг рече дека од оваа бројка илјада и 700-800 се отпуштени од страна на гувернерството, додека другите од нивна страна.
Министерот исто така збруваше и за процесот на идентификација на членовите на ФЕТО и објасни дека раполагат со многу механизми за да го направат тоа, во овој контекст тој продолжи:
„До сега се завршени околу две илјади проценувања. Сега на дневен дека ќе биде отпуштањето од државните институции на овие лица. Овој процес го извршуваме заедно со другите министерства и Владата. Изгледа дека оваа крвава организација криејќи го својето грдо лице се инфилтрирала во сите државни институци, посебно во воружените сили, образованието, судството, полицијата. Слично како во овие институции има и во здравството но не толку многу како во тие институции. Работиме внимателно за да се исчистат сите членови на ова организација и тие коишто ја подржуват или имаат било каквка врска со ова организација".
Здраствените институци на ФЕТО
Во врска со здравствените инститици на ФЕТО Акдаг рече дека некои од нив се целосно испразнети, а пак другиот дел се во неупотреблива состојба.
„Шеснаесет од нив на успешен начин ги ставивме во служба на нашите граѓани. Другите останати објекти беа неупотребливи, непогодни иили целосно испразнети. Внатре во овие 16 објекти има болници. Пет од овие болници на беа истражувачки центри во сопственост на универитети на организацијата на ФЕТО". Освен нив, тој рече дека 8 приватни болници, 1 генетички центар и 2 центри за дијализа се ставени во служба.
„Бевме многу брзи во оваа. Откако беа одземени веднаш после 3-4 дена беа ставени во фунскиција. Сега во овие болници дневно се контролират и лекуваат околу 10 илјади наши граѓани."
- „Ќе им се даде предност на воените инвалиди и на блиските на шехидите"
Потсетувајќи дека здраствените услуги кои им се дават на граѓаните, ќе им се дават и на војниците и нивните семејства Акдаг истакна дека и граѓаните во одредени квоти ќе имат можност да ги употребуват здравстевните услуги на воените болници.
„Од сега па натаму болниците Ѓулхане и Хајдарпаша целосно ќе бидат цивилни. Нашите воени инвалиди, војници, нивните блиски и блиските на нашите шехиди сакам да бидат сигурни во ова. Ќе продолжиме на нив да им даваме предност во овие болници. И тие и целата јавност ќе бидат сведоци дека дадени здраствените услуги ќе продолжат да се подобруваат", рече Акдаг.
Тој исто така истакна дека официрите кои работат како доктори и здравстевениот персонал во рамките на Турските воружени сили ќе продолжат и понатаму со работа во своите единици.