Feyza Süsal
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку десет лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ДАЕШ се уапсени утринава во акција во Анкара, спроведена од страна на единицата за борба против тероризмот на турската полиција, јавува Anadolu Agency (АА).
Според полициски извори, станува збор за апсење на осомничени за регрутација во редовите на ДАЕШ во Турција, кој е вклучен во списокот на терористички групи.
Бомбаш-самоубиец се разнесе на плоштадот „Султанахмет” во Истанбул на 12-ти јануари, при што загинаа десет туристи, а беа повредени 15 лица.
На 10-ти октомври минатата година, двајца бомбаши-самоубијци убија 103 луѓе во самоубиствен напад во Анкара, главниот град на Турција. Одговорноста за терористичкиот напад го презеде ДАЕШ.