Sümeyye Dalkılınç
25 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Електронскиот систем за апликација за виза (е-виза), инсталиран со цел да се намалат редиците на аеродромите и граничните премини, во изминатата година обезбеди издавање на визи за Република Турција за над 6,3 милиони луѓе, јавува Anadolu Agency (АА).
Според податоците на Министерството за надворешни работи на Турција во 2015 година биле поднесени 7.232.322 апликации за виза за Турција. Одобрени биле 87 проценти од барањата, односно 6.343.581 барање во форма на е-визи.
Системот е воведен во 2013 година, а во месец април, за една недела биле издадени речиси две илјади визи, а тој број во текот на летните месеци изнесувал меѓу 40 и 45 илјади визи дневно.
Во 2015 година, во просек дневно се одобрувани по 17.379 електронски визи, а рекорд за бројот на одобрени визи достигнат е на 13-ти јули 2015 година, кога се издадени 46.747 барања.
Повеќето e-визи се дадени на граѓаните на Обединетото Кралство. Следуваат државјаните на Ирак, Холандија, Полска и Белгија. Од издавањето на визи се собрани 140.664.014 долари.
Од 17-ти април 2013 година, на денот кога беше воведен системот, електронска виза имаат добиено околу 12 милиони и 497 илјади луѓе. Сите кои сакаат да добијат електронски визи тоа можат да го направат на веб страницата www.evisa.gov.tr и со пополнување на формулар за кој е потребно во просек три минути.