Barış Gündoğan
08 февруари 2016•Ажурирај: 08 февруари 2016
АНКАРА (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна доцна синоќа во посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел денеска во рамките на работната посета, во Анкара, на покана на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Меркел доаѓа во посета на Турција по средбата со Давутоглу во Лондон, каде што се согласија да го продолжат дијалогот.
Се очекува за време на посетата да се разговара за односите помеѓу Турција и Европската унија (ЕУ), билатералните односи помеѓу двете земји, и проблемот со бегалската криза.