Sinan Uslu
30 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АНКАРА (АА) – Синоќа, започнувајќи од 16:30 часот, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, Турските вооружени сили, коалициските приврзаници и Силите на Слободната сиријска армија, со 108 напади од хаубици „фиртина“ (бура) погодија 21 цел, коишто им припаѓаат на терористите во Џерабулус и околината, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили стои дека преземените одлуки за борба против терористичките организации, на прво место ДАЕШ, за елиминирање на заканата од нив и за да се подобри безбедноста на границата, како и за да се даде поддршка на коалициските сили во операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август, е во рамките на правата на Турција што произлегуваат од меѓународното право и членот 51 од конвенцијата на Обединетите нации, во кој стои правото на самоодбрана, како и во рамките на одлуките на ОН преземени во борбата против ДАЕШ.
На седмиот ден од операцијата, вчера, започнувајќи од 16:30 часот, претходно идентификуваните 21 цел и местоположбата на терористите беа прецизно погодени со 108 напади со хаубици „фиртина“ (бура).
Од друга страна, беше јавено дека коалицијата со помош на авион од типот А – 10, кој припаѓа на воздухопловните сили, вчера вечер биле уништени две цели на ДАЕШ, кои претходно биле идентификувани и прецизирани.
Во соопштението стои дека Турските вооружени сили, кои даваат поддршка на операцијата на северот од Сирија, ги преземаат сите можни мерки за да нема поведени цивили и го изразуваат своето најдлабоко сочувство по ова прашање.