Ekip?
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Објавени се првите снимки од градот Џарабулус по преземањето на контролата врз градот од страна на Слободната сириска армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите за специјални операции на Турските вооружени сили во соработка со Слободната сириска армија и воздухопловните сили на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДАЕШ, вчера започнаа офанзива за преземање на контролата над градот Џарабулус, во близина на границата со Турција.
Во рамките на операцијата наречена "Штитот на Еуфрат" овозможено е преземањето на градот.
Првите објавени снимки го покажуваат центарот на градот под контрола на Слободната сириска армија.