Sarp Özer
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ЏАРАБУЛУС (АА) - Во операцијата „Штитот на Еуфрат" која се спроведува против терористичките закани во регионот Џарабулус кој се наоѓа на границата на Сирија со Турција, од страна на Специјалната заедничка работна група при Тусрките вооружени сили (ТСК) и Воздушните коалициски сили, фрлени се ракети на два тенкови на ТСК од страна на членовите на ПЈД, која е сириски огранок на терористичката организација ПКК. По нападот во кој загина еден војник, а три други се повредени, позициите на терористичката организација се погодени со гаубица и артилерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од изворите во регионот, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат„ започната од страна на Специјалната заедничка работна група при Тусрките вооружени сили (ТСК) и Воздушните коалициски сили, породолжува напредокот на Слободната армија на Сирија во регионот Џарабулус.
Во меѓувреме, 6-7 километри јужно од Џерабулус, од страна на ПЈД, сириски огранок на ПКК, со проектили е отворен оган врз две тенкови на Турските вооружени сили. По нападот еден од тенковите го продолжи својот пат, додека еден војник беше лесно повреден. Беше погоден и друг тенк, при што од трите војници кои беа во тенкот, еден загина а двајца се повредени.
По нападот, возвратено е на положбите на терористичката организација се погодени со гаубица и артилерија.