Ebru Şengül,Dilara Zengin
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
АНКАРА (AA) – Вршител на должноста на изралеската амбасада во Турција Амира Орон изјави дека Израел е „согласен и ја поддржува" воената операција „Штит на Еуфрат " која Турските сили и коалициските воздушни сили ја изведоа против терористите на ДАЕШ во сирискиот град Џарабулус, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за АА, Орон истана дека ДАЕШ претставува закана за глобалниот мир и дека Израел стравува дека таа организација би можела да претставува закана и за неговите граници.
„Сите мораат да бидат свесни од заканата на ДАЕШ. Турција и нејзиниот народ не можат да дозволат ДАЕШ да биде на нејзините граници. Согласни сме и ги поддржуваме операциите на турските сили", рече шефицата на дипломатското претставништво на Израел во Турција.
Потсетувајќи на низа терористички напади кои ДАЕШ ги изведе во Турција, Орон рече дека турската влада презема адекватни потези и изрази надеж дека турските сили нема да забележат губитоци во тие операции.
Нагласувајќи дека и Израел заговара територијална целовитост на Сирија, Орон рече дека операциите на турските сили кои имаат меѓународна поддршка би можеле да бидат користени за решавање на повеќегодишната сириска криза.
Ние сме против сите терористички групи и ќе го поддржиме сеој потег кој може да придонесе во градењето на мирот и стабилноста во регионот. Гледаме дека меѓународната заедница интензивно води преговори за политичко решавање на сириската криза, а можеби тоа е решение во правец на ова што земјите од регионот го заговараат. Израел ги поддржува сите напори во регионот кои ја предвидуваат Сирија и регионот без ДАЕШ и другите терористички групи", заклучи Орон.