Sami Ahmed,Afra Aksoy
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириската Oрганизација на муслиманското братство соопшти дека заземањето на Џарабулус од страна на Ослободителната војска на Сирија и ослободувањето на овој град од терористичката организација ДАЕШ е „прв чекор” кон неуспех на планот за поделба на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на сириското Муслиманско братство се вели дека поддршката на Турските вооружени сили пружена на сириската опозиција при ослободувањето на Џарабулус е за секоја пофалба.
„Ослободувањето на Џарабулус од терористите на ДАЕШ е првиот чекор кон неуспехот на проектот за поделба на Сирија”, се вели во соопштението.
Нагласувајќи дека силите на сириската опозиција направиле голем успех во операцијата за ослободување на Џарабулус, со целосна поддршка на турските сили, и дека со овој подвиг е спречен проектот за поделба и одвојување на северниот и јужниот дел на Сирија.
Од организацијата изразуваат надеж дека операцијата во Џарабулус ќе биде првата алка во низата ослободувања на сириските градови.