Aydoğan Kalabalık
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
КАИРО (АА) - Египетскиот суд на доживотен затвор осуди 36 обвинети, меѓу кои и претседателот на раководството на Муслиманското братство, Мухамед Бедија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од судски извори дознава дека Кривичниот суд го осудил Исмаил Бедија и уште 35 обвинети лица на доживотен затвор за настаните од 2013 година, во медиумите познати како „настаните во Исмаилија”.
Судењето во врска со „настаните во Исмаилија”, беше водено против вкупно 105 лица, меѓу кои за 30 од нив им се судеше во отсуство. Покрај 36-те осудени на доживотен затвор, 20 лица беа ослободени, девет лица беа осудени на 15, 20 до 10 години, а уште 20 на три години затвор.
Според египетскиот закон, обвинетите имаат право на жалба, а во случај тие да бидат прифатени, против обвинетиот се повторува процесот на Вишиот суд.
Потсетуваме, против 105 лица се води процес поради нередите на плоштадот пред Канцеларијата на гувернерот во Исмаилија на 5-ти јули 2013 година. Членовите на Муслиманското братство тогаш на плоштадот организираа тридневен протест со цел да го искажат своето незадоволство од уривањето на демократски избраниот претседателот на Египет, Мухамед Морси. Во немирите во текот на протестите загинаа три а беа повредени 20 лица.