Mahmut Geldi
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
КАИРО (АА) – Се урна египетски воен хеликоптер за обука во градот Еш-Шаркије, при што животот го загубија двајцата пилоти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од полициски извори, воениот хеликоптер за обука паднал во близина на селото Кефер Хафиз, во градот Шаркије на северот од државата.
Безбедносните и медицинските екипи за кратко време пристигнале на местото на настанот. Утврдено е дека двајцата пилоти кои управувале со хелихоптерот го загубиле животот, а нивните тела се пренесени во воената болница во Шаркије.
Од страна на египетската армија, сè уште нема соопштение во врска со настанот.