Diyar Güldoğan,Satuk Buğra Kutlugün
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
АНКАРА (АА) - Операцијата за расчистување на територијата долж сириската граница од терористичките закани претставува „легитимно право” на Турција, рече турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во уредничкиот деск на Anadolu Agency, министерот нагласи дека операцијата „Штитот на Еуфрат” против ДАЕШ е започната рано утринава во подрачјето околу сириската граница и градот Џарабулус, со цел подобрување на безбедноста на јужната турска граница.
Тој ги опиша терористичките закани во регионот како јасни и сигурни.
„Тие вчера го гаѓаа Каркамиш со 9 минофрлачи, а денес со уште еден”, изјави Ала, во врска со турскиот град во близина на турската граница.
„Турција не може да биде само набљудувач на ова”, додаде тој.
Утринава во 04:00 часот по локално време започнаа артилериски и воздушни напади против позициите на ДАЕШ околу градот Џарабулус, во близина на западниот брег на реката Еуфрат во Сирија.
„Освен за расчистување на областа од терористите и зајакнување на безбедноста, операцијата исто така има за цел поддршка на територијалниот интегритет на Сирија, и ќе продолжи сè додека терористичката закана на нашата граница не биде елиминарана”, изјави Ала и додаде:
„Терористичките групи спроведуваат напади ширум светот, но најголем дел се насочени кон Турција. Можеме да кажеме дека Турција е во војна со терористичките организации”.