Mehmet Yılmaz Güldaş
24 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Припадниците на Слободната војска на Сирија во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” дојдоа во близина на селото Кеклиџе кое од турската граница со Сирија е оддалечено околу три километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од воени извори, турските вооружени сили, според планот, продолжуваат со акцијата под кодно име „Штитот на Еуфрат” која е започната рано утринава со цел неутрализирање на терористичките елементи на ДАЕШ во северниот дел на Сирија. Продолжуваат нападите со воени авиони и со хаубиците „Бура”.
По влезот на турските тенкови на територијата на Сирија забележано е напредување и на единиците на Слободната војска на Сирија.
Имено, припадниците на сириските сили дојдоа во близина на селото Кеклиџе, кое од турската граница со Сирија е оддалечено околу три километри. Продолжуваат судирите помеѓу силите на Слободната војска на Сирија и терористите на ДАЕШ.