Fatma Bülbül
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Територија од речиси 1.600 квадратни километри во северна Сирија е одземена од терористите на ДЕАШ како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните три дена, силите на Умерената сириска опозиција, со поддршка на турските сили дојдоа на оддалеченост од 8 км од населбата Ал Баб, во североисточната покраина Алепо.
Борците на Умерената сириска опозиција презедоа контрола врз 5 села во подрачјето на Маре, северозападно од Ал Баб, и Мунбич, источно од Ал Баб.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август, со цел расчистување на северната сириска граница од терористички елементи. Инаку, денес операцијата влегува во 80. ден од започнувањето.