Tutku Şenen
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија денес објави дека шест сириски села биле ослободени од ДАЕШ, од страна на борците на Слободната сириска армија (ФСА), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турскиот генералштаб се вели дека селата биле расчистени во акцијата како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“. Таа започна пред две недели, кога ССА поддржана од страна на турските вооружени сили, го зазеде градот Џарабулус од терористичката група ДАЕШ.
Селата се лоцирани околу 12 километри југоисточно од градот Ал-Раи, на турски познат како Кобанбеј.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ го оттргна ДАЕШ од турската граница со Сирија, при што турските оклопни единици, артилерија, специјални сили и авиони ги поддржаa борците на ССА.