Can Erözden
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили соопштија дека Слободната сириска армија ја презела контролата во 10 области во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на армијата се вели дека регионите Арап Иза, Ел Фурсан, Ал Атхарија, Шеик Јакуб, Вукуф, Ајаса и Ал Мутмина, како и Идалат, Талја Дарбија, и аеродромот Куба во регионот Ел Раи.
Во соопштението се вели дека Слободната сириска армија, која извршува операции за поддршка на коалициските сили, забележала значителен територијален напредок на 11-от ден од операцијата „Штитот на Еуфрат”, која започна на 24 август.
Се додава дека Турските воздухопловни сили нападнале и уништиле две мети на ДАЕШ во регионот Вукуф, јужно од Ел Раи, околу 13.00 часот по локално време.
Турција соопшти дека операцијата „Штитот на Еуфрат” се одвива со цел зацврстување на безбедноста на границите, поддршка на коалициските сили, како и елиминирање на заканата од терористичките организации, особено од ДАЕШ.
Операцијата е во согласност со правото на земјата на самоодбрана, кое произлегува од меѓународните договори и мандатот даден на Вооружените сили на Турција од страна на парламентот во 2014 година, што беше продолжен за уште една година во септември 2015.