Nuray Tunçay
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Според првичните сознанија во операциите во подрачјето на Келјани Тепе во населба Јуксекова во Хакќари од страна на Турските вооружени сили неутрализирани се 6 припадници на сепаратичката терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Соред соопштението на Генералштабот денеска меѓу 09:05 и 09:45 часот воените авиони на турските воздухопловни сили реализирале напади во подрачјето на Келјани Тепе во населбата Јуксекова во Хакќари, Турција.
Во извршената воена операција уништени се две складишта за оружје, едно засолниште и две пештери којшто се користиле како живеалиште. Според првичните сознанија, во воздушните операции неутрализирани се тројца припадници на сепаратичката терористичка организација, а во истата област од страна на беспилотното летало „Бајрактар” беше неутрализиран еден терорист.
Од друга страна, околу 06:30 часот, тим на 2. Командна Бригада во подрачјето на Келјани Тепе неутрализира двајца терористи.
Вкупниот број на неутрализирани терористи во Јуксекова изнесува 41, а во Хакќари 314 терористи. Беше соопштено дека воените операции продолжуваат.
Во меѓувреме, на 23 септември, во петокот, во подрачјето на Јуксекова еден терорист се предаде. Потврдено е дека терористот се приклучил кон организацијата во август 2014 година и дека сега побегнал од организацијата преку Шемдинли.