Fatih Tuna
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција, ги осуди нападите на режимот и неговите поддржувачи во Сирија, интензивирани врз цивилите во Алепо и околината, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството се вели дека воздушноте напади на режимот и неговите поддржувачи во Сирија кои последните неколку дена се интензивирани врз цивилите во Алепо и околината во кои загинаа над 300 цивили и беа повредени стотици лица се строго осудени.
Во ссопштението се додава дека со овие напади режимот на брутален начин го убива својот народ, и дека особено се насочени кон инфраструктурата, како што се болниците, станиците за пумпање вода и центрите за реакција при итни случаи.
„Овие напади извршени во периодот кога група земји, вклучувајќи ја и нашата, даваат континуирана заложба за спроведување нов прекин на огнот, уште еднаш покажуваат дека режимот и неговите поддржувачи немаат намера од политичко решавање на кризата во Сирија”, се вели во соопштението и се потенцира дека овие акти не претставуваат само воено злосторства туку истовремено претставуваат сериозни злосторства против човештвото и сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.
Во воздушните напади на режимот на претседатол Башар ал-Асад и неговите поддржувачи во Сирија врз цивилното население извршени од 19 септември загинаа 323 цивили а повредени се повредени 1.334 лица.