Fikret Delal
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
РИЗЕ (АА) - Од синоќа, со бела покривка е покриена планината Овит во Ризе, Турција, на брегот на Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Висината на снегот достигна 20 сантиметри. Со доаѓањето на есента на брегот на Црното Море, како и во повеќето други делови дојде до опаѓање на температурата, а во повисоките подрачја врне снег.
Планинското подрачје Ризе е покриено со снег, кој усреќи многу жители, но исто така ги усреќи и арапските туристи што се наоѓаат во таа област.
„Снегот е тука. Прекрасно е. Иако летото сѐ уште трае во некои области во Турција, ние уживаме во зимското волшепство“, вели Јакуп Арслан, кој дошол на пикник.
Бурхан Јилдиз вели дека претходниот ден пливал на морето, а денес ужива во снегот.
Снег падна и во Ерзурум, во североисточна Турција. Додека некои турски граѓани уживаат во снегот, во југозападниот дел на Турција капењето сѐ уште трае. Така, во некои делови летото уште трае, а во некои области пристигна зимата.