İlhan Toprak
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) - На средбата меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел, Ердоган истакна дека за Турција е многу важно политичкото решение за сириската кирза као и борбата против ДАЕШ и другите терористички организации. Тој уште еднаш потврди дека Турција нема да дозволи отворање на терористички коридор во дожина на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган којшто престојува во Кина, на Самитот на лидерите на Г-20, што се одржува во кинескиот град Хангџоу се сретна со германската канцеларска Ангела Меркел.
Според добиените информации од Претседателството, во реализираната средба пред Самитот на Лидерите на Г-20, во хотелот Гранд Метро Парк, се дискутирало за билатералните односи, односите меѓу Турција и Европската Унија како и борбата против тероризмот. Исто така, станало збор и за обидот за државен удар во Турција од 15 јули.
Меркел истакна дека Германија го осудува обидот за државен удар и дека стои на страната на демократијата.
И претседателот Ердоган изрази задоволство од подршката на Германија, како и за двата реализирани телефонски разговори со канцеларката Ангела Меркел.
Ердоган и Меркал ја повторија одлучноста за продлабочување на економските, политичките и културните односи меѓу Турција и Германија.
На средбата Ердоган ја информираше Меркел за оперцијата „Штитот на Еуфрат“. Исто така, тој додаде дека за Турција е многу важно политичкото решение за сириската криза као и борбата против ДАЕШ и другите терористички организации. Тој уште еднаш потврди дека Турција нема да дозволи отворање на „терористички коридор” во должина на границата со Сирија.
Од друга страна, и Меркел изјави дека ја поддржува Турција во борбата против ДАЕШ и другите терористички организации.