Ekipa
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
КАБУЛ (АА) - Најмалку 36 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа денес во покраината Забул, во јужниот дел на Авганистан, кога патнички автобус се судри со цистерна за гориво и изгоре, соопштија авганистанските официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ѓул Ислам Сеџал, портпаролот на гувернерот, изјави дека над 25 лица се потешко повредени, од кои неколку се наоѓаат во критична состојба.
Сударот се случил во областа Шар е Сафа на главниот автопат кој го поврзува главниот град Кабул и Кандахар, во јужниот дел од земјата.
На истиот автопат во покраината Газни во мај се случи слична несреќа кога два автобуси се судрија со цистерна за гориво, при што загинаа 52 лица.