Hakan Çopur
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ЧИКАГО (АА) - Потпретседателот на владата на Турција, Нуман Куртулмуш, истакна дека „ФЕТО не претставува ризик само за Турција, туку и за сите земји, меѓу кои и САД“, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш којшто престојува во САД, во Чикаго, во сојузната американска држава Илоинис, присуствуваше на 53. Конференција на Исламската Заедница на Северна Америка (ИСНА). Тој оствари повеќе средби, а се сретна и со влијателни американски муслимани од Чикаго и околината.
Тој рече исламската цивилизација денеска се соочува со два ризика, од една страна исламофобичното лоби, а од друга страна терористичките организации како ДАЕШ.
Потпретседатлот на турската влада истакна дека во последен период во САД има раст на исламофобијата, и дека како и во целит свет така и во САД тоа лоби троши големи суми за ова цел.
Куртулмуш нагласи дека Турција од една страна војува со ПКК и ДАЕШ, а од друга страна со друга терористичка организација како што е ФЕТО. Во овој контекст тој истакна дека ФЕТО не траба да се гледа како организација којашто ја ризиква националната безбедност само на Турција.
„ФЕТО не претставува ризик само за Турција, туку и за сите земји, меѓу кои и САД“, изјави Куртулмуш.
Куртулмуш американските муслимани детално ги информираше за случувањата на 15. јули и рече дека оваа претставува непростливо предавство, затоа што животот го загубија 241 лица а повредени беа над 2.000.
„Треба да ги заштитиме младите од овој вид на еретички организации” рече Куртулмуш и додаде дека муслиманите треба да изградат свои инситуционални структури, а постоечките да се збогатуваат и зачуваат.
Пратеникот од редовите на турската владејачка АК Партија, Равза Кавакчи, запраша што би се случувало доколу она што се случи во Турција на 15 јули се случеше во САД.
„Што ќе се случеше ако се бомбардираше Белата куќа, Конгресот и доколку беше во ризик животот на претседателот Обама“, рече тој, додавајќи дека обидот за државен удар во Турција треба да се земе многу сериозно.