Aybala Arpacı
01 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) – Во склоп на воената офанзива „Штитот на Еуфрат“, единиците што се наоѓаат на границата со Сирија добија засилување од тенкови и воени оклопни возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција испрати засилување од тенкови и воени оклопни возила до единиците што се наоѓаат на границата со Сирија, за да ја зацврсти безбедноста, како и за да им даде поддршка на меѓународните коалициски сили во воената офанзива.
Турските вооружени сили контролирано ги неутрализираат рачно изработените експлозиви на сириско тло, поставени од страна на ДАЕШ. Од границата може да се забележи повремен чад од тие места.
Тенковите беа распоредени на турска страна.